Во Драмски театар вечер, во рамки на МОТ, гостува АБЛС од Брисел со
„Тант амати“ во кореографија и изведба на Ерика Зуенели и Себастијан
Јакобс.
Тант амати го обработува тоа што ги оддалечува душите, телата и
животите на луѓето до точка на отуѓување, со употреба на повторувањето
како средство обработено со огромна префинетост. И покрај тоа што
брачниот живот бил инспирација за создавање бројни претстави, тоа што
го нуди Ерика Зунели во своето дело, се карактеризира со забележлива
суптилност, најмногу зашто повеќе се осврнува кон распаѓањето на
битието, отколку кон личното злосторство, и сето тоа преку анализа на
ритамот на секојдневието.