Европскиот ден на јазиците беше одбележан и во општина Кисела Вода во новоизградената модерна зграда на ООУ „ Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево. Наставниците по француски јазик Наталија Делева и Анета Ѓуровска- Арсовска заедно со наставниците по англиски јазик подготвија приредба во чии рамки учениците имаа можност да се претстават со своите лични творби, брзозборки и поеми од познати поети како и да ја развеселат публиката со актуелна француска и англиска музика. Публиката што ја следеше приредбата беше г-ѓа Кети Димковска, советник за француски јазик при БРО, г-ѓа Марија Николова, советник за Франкофонија при МОН, г-ѓа Елизабета Јаневска од одделот за образование при општина Кисела Вода, директорите и наставниците по англиски и француски јазик од основните училишта од општина Кисела Вода како и родители и ученици од ООУ „ Рајко Жинзифов“.